SETEC ARENA 2026

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Информации за користењето и заштитата на вашите лични податоци.

1. Политика за приватност

SETEC ARENA 2026 ја почитува вашата приватност. Личните податоци што ги внесувате при пријавување се користат за организација на турнирите и комуникација со учесниците.

2. Лични податоци

При пријавување се собираат име и презиме, телефонски број, адреса за е-пошта и информации за тимот или играчите, во зависност од избраниот турнир.

3. Користење на податоците

Податоците се користат за обработка на пријавите, потврда на регистрацијата, комуникација со учесниците и организација на натпреварите. Податоците се заштитуваат и се чуваат онолку колку што е потребно за овие цели или согласно законските обврски.

4. Прифаќање на условите

Со пријавување на тим или играч на SETEC ARENA 2026, учесниците потврдуваат дека се запознаени со Политиката за приватност и ги прифаќаат правилата за учество на турнирите.

5. Вашите права

Учесниците имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на нивните лични податоци, согласно важечките законски прописи.

6. Контакт

За сите прашања поврзани со пријавувањето и заштитата на личните податоци, контактирајте нè на contact@setecarena.mk.